Американската пејачка Ријана (33) уште еднаш покажа со што се располага.
Имено пејачката позираше во цветно бикини за најнова колекција “Savage X Fenty”, притоа во преден план истакнувајќи ги бујните гради, рамниот стомак и воопшто нејзината совршена фигура, со која покаажа дека е во одлична форма.
Атрактивната пејачка со своето бомбастично тело ги „запали“ социјалните мрежи, а од фотографијата може да се забележи и дека го исфрлила и вишокот на килограми кој што го добила за време на изолацијата.
-“Savage X Fenty” колекцијата е лансирана, најави Ријана, иако колекцијата речиси е полн погодок, очигледно е дека за собраните 5 милиони лајкови на објавата на пејачката заслужено е и нејзиното совршено тело.
Инаку, на социјалната мрежа на Инстаграм, Ријана ја следат 92,3 милиони лица, а таа не престанува да ги изненадува како со жешки фотографии, така и со видео снимки во ко костими за капење и во долен веш.