Денеска во нашиот град беше, ни помалку ни повеќе Зоран Заев и тоа на кратко на поминување. Заедно со градоначалникот во заминување го пуштија во наводници најважниот проект – Пешачката патека до Кнежје. Да не бидеме погрешно сфатени, се што ќе се направи е добро ама со толкава сума на пари од граѓаните, можеше да се реализираат многу побитни работи во општината, ова денеска преку прес-конференција го истакна Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Свети Николе.
-Заев ветуваше бесплатно здравство, нови инвестиции и работни места, 500 евра плата, можности младите да останат во Свети Николе, модерно земјоделство и што ли уште не. Денеска сме сведоци на спротивното, невработеноста е зголемена, нема нови инвестиции,нема работни места, нема 500 евра плата, здравството ни е во хаос , за земјоделците да не зборуваме. Свети Николе стана општина со најголема миграција во Република Македонија. А за локалата да не зборуваме.Заев и Велковски на нивниот митинг за време на локалните избори во 2017 година силно ветуваа стопирање на депонијата во с.Мечкуевци. А денеска сме сведоци на спротивното…. пред некој ден советниците на СДС донесоа одлука за формирање на јавно претпријатие кое ке работи со депонијата.
А за реализацијата на ветените проекти и да не зборуваме. Делумно се реализира само она што го наследија како готови проекти од претходната власт од типот на пазарот или канализацијата на Рудина што дури сега почнуваат да ја работат, вели Владев.
Тој додава дека граѓаните на Свети Николе прашуваат до каде е гасификацијата, изградбата на дом за стари лица, старски домови по селата, новото крило на градинката како и на градинки по селата, каде е балон салата, промената на азбестни цевки, водоводи канализации и патишта…..каде е стационарот за кучиња/скитници и да не набројувам уште.
-Свети Николе е мал град со мудри граѓани што живеат во него. Тие оддамна ја изгубија довербата во вас и веќе не веруваат во вашите празни ветувања.Тоа ви го пренесоа на претходните изборни циклуси кога својот глас го дадоа на ВМРО-ДПМНЕ. Истата порака ќе ви ја пратат во октомври на локалните избори која ќе гласи : Новиот градоначалник и мнозинство во Советот на општина Свети Николе ќе бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вели Владев.