И официјално, со судска тапија; именувањето со “Комшија” за Ивица Коневски НЕ Е НАВРЕДА! Зошто бе комшија не кажуваш дека го изгуби процесот против мене за навреда и клевета? Ајде биди доблесен барем еднаш и онака како што ја најави тужбата на долго и широко, сега да ми се извиниш што ме тегнеше по судови и што ме навредуваше и омаловажуваше дека клеветам и лажам, да ми се извиниш што не вознемируваше мене и семејството, истакнува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-И пофали се комшија, ти успеала акцијата, си извадил Имотен лист за дуќанот кај Мајчин дом. И тоа сега, пред месец дена, мислејќи дека си заташкал трагите? А може и да се гледа како успех за адвокат со три години искуство, кој што ни сам не препознава на суд што е навреда, а што клевета, нели? Патем, Комшија, ќе гугнеш ли нешто за Заев, критика ли, фалба ли, види тој како ве фали, нов спонзор ли ви е во Мериот, се согласувате со сите ставови? Љубов ли е, интерес ли е? Или пак ли ќе се жалиш дека сум пишал дека три години збор за Заев не си пишал? Патем, јас нема да застанам да зборам и покрај заканите “продолжи да збориш, ќе видиш ти”. “Гугни бе, ќе ми снема лента” – напиша Стоилковски на својот Фејсбук профил.