четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Со овие подароци нема да згрешите: Што сакаат жените за 8-ми Март?

Со овие подароци нема да згрешите: Што сакаат жените за 8-ми Март?

Без разлика дали една жена го празнува 8 Март или не, таа ќе биде среќна доколку партнерот ѝ приреди мало изненадување.

Ова се неколку едноставни, но моќни идеи за подарок кои би ја израдувале секоја жена.

Цвеќе

Ова е првиот и очигледен избор на многу мажи и иако звучи како клише, сепак може да биде вистински израз на внимание, кое жената може да го почувствува од самиот гест, но и од изборот на она што го сочинува букетот.

Обидете се самите да аранжирате нешто за да бидете уникатни, а ако не можете, одете со букет рози. Со розите никогаш не можете да погрешите.

Книга

Едноставен и не премногу оригинален подарок, но секогаш актуелен и прифатлив. Ако вашата партнерка сака да чита книги, тогаш овој избор е полн погодок.

Можеби некогаш ви спомнала за некоја книга која е хит во моментот и би сакала да ја прочита или пак ви зборувала за жанровите кои ги обожава.

Влезете во книжарница и направете го изборот. Ако ви дозволува џебот, одете со некоја хит трилогија. Ќе биде горда да ги нареди деловите на полицата.

Рачна изработка

Било да се работи за парче накит, гардероба, некој украс за домот или нешто друго, со рачната изработка не можете да погрешите. Уникатните парчиња се секогаш на цена, и нема жена која не ги посакува во својот естетски свет.

Пронајдете нешто убаво и уникатно. Сигурно ќе ѝ се допадне.

Кошница со производи за нега и убавина

Денот на жената е ден кога креативноста во понудата на парфимериите доаѓа најмногу до израз. Наместо да посегнете по колекциите во картонска амбалажа во маркетите, појдете во некоја парфимерија и изберете убав комплет со производи за нега и убавина интересно сместен во кошница.

Не бегајте од шминките и лаковите за нокти. Купките и шампоните не се единствената козметика која ја користат жените. Изненадете ја со изборот. Таа ќе се чувствува како ни самата да не можела да направи подобар.