– Имаме голем број на семејства кои се на граница на егзистенција, имаме голем број на жители кои работеа во градските средини и сега доаѓаат овде за да живеат бидејќи општина Петровец има голем број на инвеститори кои ги отвораат своите погони и со тоа се отвораат нови работни места. Еве, само вчера има околу 20-тина луѓе што ќе започнат да работат, а тоа е од огромно значење во ова време. Посебно од големо значење е за тие 20-тина семејства. А, платите кои што ќе ги добиваат овие граѓани ќе биде над 20.000 денари, и со тоа се нуди пристоен живот во општина Петровец. Правиме се за да излеземе во пресрет на оние луѓе кои работеле во град, кои веќе се напуштени, да дојдат во општина Петровец и да ги препорачаме на инвеститорите кои отвораат нови работни места токму тука во општината, рече Борче Митевски, градоначалник на Општина Петровец во „Утрински Брифинг“.
Митевски додаде дека во ниту еден момент во Општина Петровец ниту еден инвеститор не е вратен. Општина Петровец во моментов е меѓу ретките општини во која се инвестира. Со макотрпна работа општина Петровец стана оаза за инвеститори.
– Во 2020/2021 општина Петровец е водечка општина во Република Македонија по влез како на домашни така и на странски инвеститори. Само пред еден месец 17 нови инвеститори влегоа тука, појасни Митевски.
Митевски посочи дека во истиот момент имаат објавено за четири нови парцели , за некаде околу 15-тина дена ќе има уште четири нови инвеститори.