четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петкоска до СДСМ: Зошто константно ги затскривате вашите градоначалниците со предизборен политички маркетинг

Петкоска до СДСМ: Зошто константно ги затскривате вашите градоначалниците со предизборен политички маркетинг

– Како што наближуваат локалните избори се почесто, и почесто ги слушаме и ќе ги слушаме зборовите опростување, задолжување, репрограмирање, можност за планирање и целиот фокус на локалните самоуправи. Еве го дојде клучниот момент кој постојано го потенциравме во текот на расправата за Буџетот за 2021 година, а кој се нарекува преоптимистичко планирање на приходите. Денес колегите од мнозинството предлагаат законски измени со кои градоначалниците добиваат уште можност за да го покријат своето неработење и расипничко трошење, така што ќе ги предимензионираат буџетите за 50%, а што воедно претставува и нова можност за општините и понатаму да се задолжуваат, истакна Лидија Петкоска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при денешната расправа за законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа во Собранието.

Петкоска додаде дека завршната сметка на Буџетот за 2019-та година ви е најдобар репер за тоа дека власта ниту успеала да ги собере планираните, ниту пак да ги потроши предвидените.

– Што правела власта, ќе си пресудат граѓаните. До кога вака? Зошто константно ги затскривате градоначалниците со предизборен политички маркетинг и се фалите како тоа да нема врска со граѓаните? Милите ли дека граѓаните не чувствуваат дека ова го правите за тоа што знаете дека на овој или на оној начин утре повторно ќе им ја ставите раката во џеб и ќе си земете колку што ви треба? Сето тоа граѓаните многу добро го знаат, рече Петкоска.

Петкоска посочи дека ниту еден градоначалник во редовите на СДСМ не се потруди да овозможи и создаде подобри услови на граѓаните за живеење. Јавниот долг веќе одамна ги помина сите црвени линии и ги вклучи сите аларми за паника, но СДСМ упорно си ја тера својата политика која единствено штети на државата.

Најнови вести