понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ: Филипче потврди дека нема лекарска грешка, родилката прашува зошто ѝ се извадени бубрегот, матката и јајникот- социјалните мрежи вријат

СКАНДАЛ: Филипче потврди дека нема лекарска грешка, родилката прашува зошто ѝ се извадени бубрегот, матката и јајникот- социјалните мрежи вријат

Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани, покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Јилдиз Веапоска и биле отстранети матката, бубрегот и јајникот. Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ ја потврди ваквата информација.

-Стигна извештајот од Лекарска комора, не нашле пропуст во стручниот надзор, рече Филипче.

По направениот увид во медицинската документација и разговорот со медицинскиот тим од ЈЗУ ОБ Струга, кои учествувале во третамнот на лекување на пациентката Ј.В., Комисијата констатира дека:

– Пациентката е соодветно примена и адекватно предоперативно подготвена за елективно завршување на бременоста.

– Не се евидентирани пропусти при оперативното завршување на породувањето и во текот на постоперативно следење и менаџмент на пациентката.

– Лекарската екипа инволвирана во лекувањето и третманот на пациентката соодветно и навремено реагирала при првите знаци на влошување на општата здравствена состојба на пацинетката и ги искористила сите расположливи ресурси на болницата за адекватно згрижување на пацинетката во услови на живото-загрозувачка состојба.

Филипче додаде дека за дивата ординација која Асани ја имал дома, а за која ДЗСИ одлучувал, има постапка во обвинителството во Струга.

Социјалните мрежи вријат после изјавата на Филипче дека нема лекарска грешка за изваден бубрег, јајник и матка на родилката, а се огласи и родилката Јилдиз Веапоска.

Универзитетската професорка Ана Павловска Данева пишува дека молчењето е соучесништво и поттик во градење девијантно општество, а министерот Филипче е должен да го разреши директорот.

На Фејсбук се огласи и новинарката Мирослава Брнз.

И аналитичарот и поранешен функционер на СДСМ Ивор Мицкоски, „удри“ по ресорниот министер Филипче.

Се огласи и родилката Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник. Вели дека не го прифаќа Стручниот наод на Лекарската комора во кој не се констатира никаков лекарски пропуст од страна на д-р Мухамед Асани.

Во изјава за Сител таа побара Комората јавно медицински да образложи како е можно да остане без три органи, а да нема лекарска грешка.

-Дали е ова нормално, ни јавноста, ни никој да не знае кои се од Лекарската комора докторите што го вештачат ова, што треба да одлучат дали има лекарска грешка или нема. Никој не знае, но докторот, директорот знае кој е во Комисијата. Јас не го прифаќам ова бидејќи сите доктори што биле, се Албанци. Ниту немало Македонец. Заминав здрава и права во Струга на породување. Заминав да се породам, а по породувањето излегувам без бубрег, без матка и без јајник. И тоа се будам на КАРИЛ. Нека излезе Лекарската комора јавно нека образложи медицински зошто се тргнати тие органи, ако немало лекарски пропуст. Тогаш што може да има?, прашува Веапоска.

Најнови вести