четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Каракачанов ја претставува Македонија на мапа како дел од Голема Бугарија, а Заев, Димитров и Османи не го осудуваат

Андоновски: Каракачанов ја претставува Македонија на мапа како дел од Голема Бугарија, а Заев, Димитров и Османи не го осудуваат

Каракачанов ја претставува Македонија на мапа како дел од Голема Бугарија, а Заев, Димитров и Османи не го осудуваат, ова денеска преку коментар на денот го истакнува Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие луѓе земаат плата од македонскиот народ. Заев и Димитров си молчат кога е нападнат територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија. Попустливоста и бизнисите на Заев, нè доведоа до степен на понижување и потчинетост со Бугарија. Додека им дозволува да нè понижуваат сите, државниот врв си планира бизнис зделки со матни ликови во соседството, вели Андоновски.

Тој додава дека што треба друго да се случи, какво ли друго понижување треба да се доживее од источниот сосед за Заев и Димитров воопшто реагираат.

-Значи за Заев не е за осуда што територија на Македонија се најде на карта објавена од бугарскиот вицепремиер. Некадарни да водат држава. Заев и Димитров треба да знаат дека за срамот кој и го приредуваат на Македонија ќе одговараат, вели Андоновски.

Најнови вести