Повеќе од 49,1 милиони луѓе ширум светот го гледале интервјуто на Опра Винфри со принцот Хари и Меган Маркл, на телевизија или преку стриминг платформа, објави американската телевизија Си-Би-Ес.
Телевизиската мрежа наведува дека бројот на гледачи расте и порача дека повторно ќе го емитува интервјуто во САД во петок.
Во САД интервјуто на телевизија го гледале 17,8 милиони гледачи што значи дека е најгледана емисија од светот на забавата од доделувањето на Оскарите во февруари 2020 година.
Интервјуто во кое парот го обвини кралското семејство за расизам и во кое говореше за внатрешните проблеми, беше емитувано во неделата. Истото се уште е достапно на стриминг платформите.