Ноќеска во дворот на поранешниот прилепски градоначалник Марјан Ристески непознати сторителе фрлиле автомобилско масло, при што предизвикале штета на истиот. во изминатите неколку години и претходно Ристески беше цел на напади, при што во неколку наврати му беше демолиран афтомобилот.
-Синоќа пак сте ми направиле штета-фрливте автомобилско масло во мојот двор! Во рок од 3 години, два пати ми го демолирате автомобилот, а еве сега дојде ред пакост и на дворот да ми направит, пишува на својата Фејсбук поранешниот прилепски градоначалник.
Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата објава на Ристески:
“Почитувани” сторители…сакам само да Ве поздравам 👋😊… синоќа пак сте ми направиле штета-фрливте автомобилско масло во мојот двор!
Во рок од 3 години, два пати ми го демолирате автомобилот, а еве сега дојде ред пакост и на дворот да ми направите… или повторно ќе следува нова “дозирана” кривична пријава?… го научивме веќе редот!
А,нели живееме во: “демократска”, “европска” и ‘НАТО” Македонија????
И наместо на градот и државата, Вие “господа” -4 години потрошивте на мене, исполнувајќи го само својот фрустриран “фетиш”… и ништо друго, а Прилепчани добија само УНАЗАДЕН ГРАД!
И еве уште еднаш да Ви укажам, не си го трошете времето со мене, нека не Ве прогонува постојано мојата “аура” и сè што имам направено за овој град…напротив, сето тоа требаше да Ви биде само поттик и репер,а не страв… да ме надминете и направите повеќе, да оставите траг по кој ќе Ве паметат граѓаните, затоа што го заслужуваат тоа!!!
Се надевам наредните, ќе успеат да ја исправат лошата слика и ги надминат вашите “севернокорејски” методи, враќајќи го демократскиот, натпреварувачки и вистински европски дух на градот, како што беше претходно!
УШТЕ ЕДНАШ ВИ УПАТУВАМ ГОЛЕМ ДРУГАРСКИ ПОЗДРАВ!!!
П.С. Со сето ова, за овој целокупен моментален “европско-демокртатски” дух во Прилеп, ќе бидат запознаени сите амбасади-мои драги пријатели!!, пишува Ристески во својата објава.