среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Марков: Од една страна граѓаните ги затвораат дома, а од друга продолжуваат со најавениот попис

Марков: Од една страна граѓаните ги затвораат дома, а од друга продолжуваат со најавениот попис

Медицинско лекарската фела остро реагира на најавите на владата граѓаните да ги затвора дома, а од друга страна по секоја цена да го турка пописот, со што по домовите ќе влегуваат попишувачи кои ниту се вакцинирани, а ниту пак ќе бидат и тестирани на Ковид-19.

Со епидемиолошката состојба која ја имаме во моментот, каде што корона вирусот зема замав и неконтролирано почна да се шири, пописот го прави невозможен, реагира Гоце Марков кој е член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, кој вели дека и дете од трето одделение ќе разбере дека овде нешто, навистина е труло.

Марков на социјалната мрежа Фејсбук пишува дека, еден огромен број на лица задолжени за попишување, невакцинирани ќе влегуваат во домовите на стари и хронично болни луѓе, што е се само не сериозност и навремена реакција.

-Она што збунува и разочарува, како здравствено, така и морално е несериозноста и селективноста на носителите на Власта, нејзините практичари… Ајде пак да преведеме од есперантото на Власта: Од една страна имаме рестриктивни мерки, т.е. Полициски час од 22 до 05 часот, граѓаните ги затвораат дома, а од друга страна планираат да продолжат со најавениот Попис?!И дете од трето одделение ќе разбере дека овде нешто навистина е труло. Еден огромен број на лица задолжени за попишување ќе влезат во домовите на луѓето, стари, болни, хроничари,…ќе влезат и тоа невакцинирани со ,,една од многуте вакцини на З.З.”. Ова е се, само не е сериозност и навремена реакција. Вакцини секако нема. Ние тука претураме од празно во шупло. Нема вакцини, нема Попис!? Или, има вакцини, има вакцинирани попишувачи има Попис? Која логика ја користат овие луѓе, кои се нарекуваат Власт?, пишува Марков.

Освен Марков, на ова реагираше Марија Андонова, која е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, која пишува дека некако не оди дома да ни дојдат невакцинирани попишувачи, затоа што вакцини против Ковид-19 Македонија сеуште нема, а од друга страна да не држат дома под полициски час, затоа што болниците се речиси полни.

-Не знам дали целиот овој хаос е поради крајна неспособност на власта, аматерските мерки, чекањето провизии за во џеб или го имаат утнато тајниот агент, но едно знам, вакцини за тие кои сакаат да се вакцинираат, нема! Има ли некој сериозен од СДС да ни објасни, но да не лаже!? (Заев и Филипче, отпаѓаат, не се во оваа категорија која се бара) Се е под контрола или ништо не е!? Безбедно е или не!? Полициски час или попис!? Некако не ми оди, да ни дојдат дома невакцинирани попишувачи, а притоа не држат дома под полициски час!? Воедно болниците полни, се собираат донации за лечење во приватни болници, автобусот кој ги носи вакцините се фарба во моментов, вистински мерки нема, а бројките на заболени растат. Нож до коска ли е дојдено за попис, не разбирам!?, пишува на Фејсбук Андоновска.

Таа бара власта да не го жртвува народот, затоа што тој доволно пропатил и веднаш да го одложат пописот.

Најнови вести