петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Агатангел: Пендаровски и Заев се посрамотија и ги повредија чувствата на народот, да не зборуваме за Османи кој е најголема грешка што е министер

Агатангел: Пендаровски и Заев се посрамотија и ги повредија чувствата на народот, да не зборуваме за Османи кој е најголема грешка што е министер

Митрополитот Повардарски Агатангел вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија во врска со интервјуата на премиерот Заев и ставовите на претседателот Пендаровски во врска со националните интереси и изјавите за Гоце Делчев истакна дека тие се посрамиле, се обрукале со таквите ставови и ги повредиле чувствата на народот.

-И Пендаровски се посрами и се обрука со промена на името и со Гоце Делчев, исто така премиерот Заев се обрука, не би сакал за Османи да зборувам затоа што најголема грешка е тоа што тој е министер, не може еден човек кој не ја чувствува Македонија како своја земја, можеби е добар човек и добар доктор, но во главата им е Тиранската платформа, не може од него да очекуваме да ги брани правата на македонскиот народ, јазик, црква, истакна владиката Митрополитот Повардарски Агатангел.

Најнови вести