четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ги тужел родителите затоа што не сакаат да го издржуваат, кога ќе дознаете колку години има ќе се изнасмеете

Ги тужел родителите затоа што не сакаат да го издржуваат, кога ќе дознаете колку години има ќе се изнасмеете

Иако има диплома од Универзитетот Оксфорд и не работи од 2011 година, 41-годишниот Фајз Сидикви ги тужел своите родители затоа што тие не сакаат да го издржуваат доживотно.

Имено, тој се опиша себе си како ранливо возрасно дете кое има здравствени проблеми и тврди дека неговите родители ги кршат неговите човекови права не сакајќи да го поддржат.

И покрај фактот дека живее во станот на неговите родители вреден 1,14 милиони долари во лондонскиот Хајд Парк и ги плаќаат сметките, неговите родители по кавгата му рекле дека ќе му го откажат џепарлакот од 550 долари неделно поради кавгата што ја имале.

Нивната одлука не му се допаднала воопшто, па решил да ја бара правдата на суд, но неговото барање беше одбиено.

Тој одлучил да покрене тужба до Апелациониот суд и со нетрпение чека пресуда, бидејќи ако таа биде донесена пресуда во негова корист, тој може да направи преседан за сите други.