недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Прво огласување на семејството на Метју Пери, неговата мајка ја имала најтешката задача

Прво огласување на семејството на Метју Пери, неговата мајка ја имала најтешката задача

Семејството на Метју Пери се огласи по веста дека актерот починал. Познатиот Чендлер од „Пријатели“ беше пронајден мртов вчера на својот имот во Лос Анџелес.

родителите на Метју Пери

– Нашите срца се скршени поради трагичната загуба на нашиот сакан син и брат. Метју донесе толку многу радост на светот, и како актер и како пријател. Сите вие ​​му значевте толку многу и го цениме огромниот излив на љубов – се наведува во изјавата на семејството на Метју Пери.

Неговото семејство го сочинувале неговата мајка, татко, две маќеи, очув, пет полубраќа и сестри. Набргу откако беше објавена трагичната вест во домот на актерот пристигнаа неговите родители.

Мајката на Метју Пери, Сузан Морисон и очувот

На лицата можеше да им се види огромна тага и очај, а мајката Сузан морала да го идентификува телото на синот.

Според првичните информации актерот се удавил во џакузи, но истрагата е во тек, се чекаат резултатите од обдукцијата.

Најнови вести