четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Парламентот климав, економските мерки висат

Парламентот климав, економските мерки висат

Граѓаните секојдневно се сведоци дека парламентарното мнозинство е се понестабилно. Тоа се покажа и со вчерашната изјава на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кој побара од пратениците во Собранието да си ја работат својата работа и да се донесе петтиот пакет на мерки.

-Економските мерки предвидени со петтиот пакет за КОВИД-19, е донесен во име на граѓаните, и во таа насока пратениците за носење на овој пакет е да си ја работат работата како и сите дурги во државата. За жал, Законот за финансиска поддршка на плати е предаден во Собрание на 16 февруари и се уште не е закажана пленарната седница за да може да ги помине комиските расправи,истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Меѓудругото, Битиќи посочи дека намерно рокот за аплицирање за февруари го ставиле до крајот на март за да можат мерките од петтиот пакет да го опфатат и февруари. Најави дека постои можност преку пратениците од владејачкото мнозинство да се поднесат и соодветни амандмани за да се овозможи тоа доколку доцни донесувањето на законското решение.

По оваа изјава, се поставува прашањето дали со ова Битиќи посочува дека парламентарното мнозинство е нестабилно. Исто така, ако се земе во предвид дека Заев пред недела дена побара доверба на Влада повеќе од јасно е дека сите функционери во влада се свесни оти нивното мнозинство е на стаклени нозе.

За ова, посочи и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

-СДСМ и коалиционите партнери да имаа мнозинство какво што очекуваа, ќе ја продолжеа и 34-та седница во која има над 70 точки, но бидејќи немаат мнозинство во парламентот, избегнуваат да ги отвораат темите. Тоа доволно кажува за неревносното работење на парламентарното мнозинство и за несигурностите кои ги имаат во редовите одреден период. Ваквиот начин на работа покажува дека ситуацијата не е добра и наскоро ќе треба да се размислува за посериозно парламентарно мнозинство, истакна Мицевски.

Најнови вести