четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Совет за работодавачите: Не ги терајте работниците да дојдат на работа пред 10, дознајте зошто е важно тоа

Совет за работодавачите: Не ги терајте работниците да дојдат на работа пред 10, дознајте зошто е важно тоа

За да работниците бидат продуктивни, работното време треба да започнува по 10 часот, а студентите треба да посетуваат настава по 11 часот, предупредуваат научниците од Оксфорд.

Форсирањето на работниците да започнат со работа во раните утрински часови e контрапродуктивно. Работниците се уморни, имунитетот им е послаб и се склони кон болести и стрес.

Тоа води до послаба меморија и помалку внимание во текот на работното време.

„Нивните тела се исцрпрени поради ненаспаност, а тоа во голема мера влијае на продуктивноста. После 55 години, на луѓето им е потребен помалку сон, но дотогаш треба да почнуваат со работа во 10 часот за да бидат продуктивни. Освен работниците, и студентите и учениците би требало да почнат со настава подоцна“, објаснува д-р. Пол Кели, научник од Оксфорд.

Студиите покажуваат дека просечен ученик на возраст од 10 години не може квалитетно да се фокусира на наставата пред 8:30 часот, а средношколците постари од 16 години пред 10 часот.

За студентите е најдобро да почнат со настава по 11 часот. Тогаш учат поубаво затоа што се одморени.

„Живееме во општество во кое луѓето се ненаспани. Не можеме да го промениме нашиот 24-часовен биоритам. Не можеме да научиме да стануваме во определено време. Нашето тело живее во хармонија со Сонцето, недостаток на сон е вистинско измачување. Општеството треба да го усклади почетокот на работното време со човечкиот организам затоа што имаме здравствени и психички проблеми“, пишува Daily Mail.