четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Преку апликацијата за самопопишување досега евидентирани 64.176 лица

Преку апликацијата за самопопишување досега евидентирани 64.176 лица

Преку апликацијата за самопопишување заклучно до 08.00 часот денеска се евидентирани 64 176 лица од дијаспората.

Пописот на лицата кои се во странство почна на 1 март. Преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци, а попишувањето ќе се одвива до 21 април 2021 година.

Од 1 март се попишувааат и вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица како и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Попишувањето на овие македонски државјани се спроведува 15 дена и денеска е последниот ден.

Пописот на населението во земјава ќе се спроведува од 1 до 21 април 2021 година.

Најнови вести