Еколошка Катастрофа во Горно Лисиче. За жал, коритото на Маркова Река во делот на општина Аеродром е претворено во мега депонија, а водата е загадена, најверојатно од перење на песок и други минерални суровини, од сопствениците на сепарации долж течението на Маркова Река, обвинува Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.
„Еколошка катастрофа најблаго речено е тоа што изминативе неколку години се случува со Маркова Река.
По нејзиното течение се формирани огромен број на депонии, а и самото корито е преполно со отпад.
Надлежните институтии молчат, не го гледаат очигледното, заслепени поради профитот кој го остваруваат поединци.
Во отсуство на реакција од надлежните, депониите оmкои може да се забележат на фотографиите се таложат и зголемуваат секојдневно. На фотографиите и видеата може да се забележи дека најчесто шут и отпад, организирано носен од страна на градежни компании, кои неспречени од никого, без грам совест, ја уништуваат природата.
Маркова Река и овие депонии се само на неколку километри од центарот на Скопје, но толку далеку да надлежните не можат да видат што се случува.
Еколошка бомба му се заканува на Горно Лисиче и потребна е итна реакција“ – пишува тој.