четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пред дечиња во градинка се прска со токсични хемикалии, едно од децата добило воспаление на очите (ВИДЕО)

Пред дечиња во градинка се прска со токсични хемикалии, едно од децата добило воспаление на очите (ВИДЕО)

Фотографијата која осамна на социјалните мрежи, а на која јасно се гледа дека во детската градинка “Росица “ во присуство на деца се врши дезинфекцијата на просториите, предизвика силна реакција кај родителите.

Родителите велат: „Да ни кажеа дека во сред работен ден, во просториите каде што има бебиња и дечиња од 3 до 5 годишна возраст ќе дезинфицираат, ние ќе си ги земевме децата“.

АЛФА пренесе дека една мајка сведочи дека кога си го зела детето од градинка, тоа веќе имало симптоми и завршило на лекар.

-Детето веќе имаше воспаление на очињата добиено, а потоа му се појави и стомачен вирус да речам, ајде нека биде вирус. Го однесов на матичен лекар, тој ми напиша претставка што треба да ја однесам во архивата на градинката да ја заверам и да ги пријавам во санитарна инспекција. Ова не се прави деца кога ќе се во градинка, ова се прави кога ќе е празна градинката, после завршување на работното време и на воспитувачките и на негувателките. И за ова некој мора да сноси одговорност,затоа што се работи за деца мали, не дај Боже се’ може да се случи,тоа се тешки хемикалии, вели родителот.

Во лекарскиот извештај меѓу друго стои дека детето има наод на алергиско-хемиски ринит. Доколу детето продолжи да се експонира на хемиски агенси има ризик да развие астма.

Но и покрај ова директорката на градинката вели дека тоа било несреќно направена фотографија.

Еве што изјавила Мери Рилкова, директор на детска градинка:

„Се добива впечаток всушност кога ќе се погледне фотографијата дека се прави дезинфекција додека се децата присутни, а реалната состојба е во тој момент децата се изнесуваат од занималната за да се изврши дезинфекција во занималната“.

Целиот прилог погледнете го на АЛФА

Најнови вести