сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рафајловски: Немањето вакцини е сериозен проблем и оправдувањата што ги слушаме постојано се веќе несериозни, исплашен сум од неодговорноста за соспствената популација

Рафајловски: Немањето вакцини е сериозен проблем и оправдувањата што ги слушаме постојано се веќе несериозни, исплашен сум од неодговорноста за соспствената популација

Бизнисменот Горан Рафајловски во своето гостување во Дневникот на Сител изјави дека не носењето на вакцини е сериозен проблем и дека е исплашен од невниманието и неодговорноста за соспствената популација.

-Искрено не сакам ниту да помислам дека нема да се донесат вакцини и дека нема да се извакцинира најголемиот дел од населението до крајот на месец јуни или на почетокот на јули. Бидејќи ние сме мала земја можеме да се организираме нашиот здравствен систем дозволува да го направиме тоа што е можно побрзо за сите, нагласи Рафајловски и додаде:

„Неносењето на вакцини е сериозен проблем и оправдувањата што ги слушаме постојано се веќе несериозни. Јас искрено кажано дури не знам ниту од каде да почнам ниту од кои најави имавме најава за во јануари за во февруари па во март до крај на март месец, а вакцини немаме во Македонија. Освен што сосседите ни дадоја некоја ситна димензија за 3 000 луѓе вакцинација. Значи ако оправдување е за претседателот на државата дека во декември кога се јавиле во Фајзер, за мене е страшен гаф што не се јавиле во септември туку се јавиле во декмври и Фајзер им кажал дека сме премали за да не стави на карта сериозна за да може да ни даде вакцини. Зошто истите тие таму луѓе некој не го советувал дека требало да го сврти телефонот на еден претседател на Србија на еден претседател на Албанија на Црна Гора на БиХ па и на Косово и да кажат ние сме заеднички пазар од 20 милиона луѓе ве молиме како такви да не третирате и вакцинацијата да оди. Уплашен сум од невнимавањето за сопствената популација“.

Најнови вести