вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Функционерите на СДСМ амнестирани од одговорност, тие може да навиваат од трибини?!

Функционерите на СДСМ амнестирани од одговорност, тие може да навиваат од трибини?!

Ѓорѓи Галетановски диpектоpот на Зоолошката гpaдина и уште неколку функционери на СДСМ и покрај забраните и протоколите присуствуваа на натпреварот Македонија-Данска.

Галетановски се правда дека добил покана од Ракоментната Федерацијата. Федерацијата, пак, тврди дека немало никакви покани.

Филип Милошовски, Генерален секретар на РФМ се огради од било каква покана.

„Не можеме да лоцираме вина бидејќи Федерацијата постапила како што треба поканила гости како што има право јас сум бил поканет по покана на федерацијата како дел од менаџмент тим за кој што имам и догоовр важечки“, изјави Ѓорѓи Галетановски директор на Зоолошка градина.

Согласно протоколите за присуство на спортски натпревари гости не треба да присуствуваат и додека функционерите тврдат дека биле гости на Ракометната Федерација од Федерацијата негираат дека испратиле било какви покани.

„Јас како Генерален секретар на РФМ се оградувам од упатувањето на било каква покана“, изјави Филип Милошовски генерален секретар на РФМ.

И по неколку изминати денови од настанот се уште не се знае дали функционерите на СДСМ се амнестирани од одговорност или ќе бидат соодветно санкционирани?

Најнови вести