четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тортевски: Нема никакво оправдување што во овие 4 години правната држава не профункционира

Тортевски: Нема никакво оправдување што во овие 4 години правната држава не профункционира

Адвокатот Александар Тортевски во своето гостување во емисијата „24 Отворено“ зборуваше за тоа колку имаме правда држава и посочи дека во овие четири години нема никакво оправдување што правната држава не профункционира.

-Вие ме навредувате со ова кога кажувате дека требало да дојде НАТО за да ни ја постави државата на шини, а што ќе беше ако не влезевме во НАТО дали ние ќе останевме заробеници на оваа гарнитура, а сите подлоги на власта ги имаше Зоран Заев и неговата екипа. Четири години Зоран Заев ја има целосната власт во државата, имаме снимки и разговори каде он кажува со кого се договарал, зашто се договарал, зошто глумел дека е против притворот за да може да му гласаат за Уставните измени, за гордо да го кажува она Северна. Сето тоа не е во функција на правна држава. 4 години имаме комплетна власт на една гарнитура со која што беше здраво разумско во ова држава, што и даваше полна поддршка за она после тоа да се одвои од сите оние луѓе, од сите оние луѓе кои си ја ставивме главата во торба за да ја тргнеме таа гарнитура, тие не бараат ниту совет, ниту да поразговараат, туку влегуваат во дилови. Сега одеднаш дошол НАТО и НАТО не однел на правата шина, тоа е навредувачки за една гарнитура, за една држава дека некој од надвор треба да влезе да дојде и да ги постапува прицините. Едноставно или имате капацитет или немате капацитет. Меѓутоа за овие четири години нема никакво оправдување што правната држава до сега не профункционира, рече Тортевски.

Најнови вести