Бизнисменот Орце Камчев денеска сведочеше за случајот „Меѓународен сојуз“ во кривичен суд.
Тој одговораше на прашања на Бојан Јовановски, и објасни како изгледаше тоа кога му бил претставен договорот за старечките домови.
„Кога Јовановски дојдоа со Милевски кога беше претставен договорот на маса, истиот договор беше условен дека со помош на министерството за труд и социјална политика, каде има сериозни врски, ќе биде одбрана локација. Го прашав за Охрид и за Струга и Битола ми рече дека се зафатени, за Дојран дека ќе проверел, а од Карпош е блокиран. И, сето тоа за неговата моќ која ја имал во Меѓународен сојуз, и со сите политичиари, дури и ми се фалеше со слики со премиерот, дека 20% за третман на пациенти ќе бидат субвенционирани од министерството. Во договорот беше злоупотребена или изманипулирана власта, и затоа јас го откачив, а потоа се случи тоа што се случи“, рече Камчев.
Тој потоа објасни дека од неговиот тим извршил пресметка на тие проекции и забележале дека компанијата на може да биде профитабилна.
„Кога Боки дојде со некои негови пресметки кои беа само препишани од некаде, потоа моите директори го ставија на хартија, ги видоа бројките, и сето тоа без субвенцијата и без земјата која ја ветуваше се дојде до голема заблуда дека таа компанија може да биде профитабилна“, рече Камчев.