Орце Камчев денеска сведочеше за случајот „Меѓународен сојуз“.
Камчев рече дека префрлил 150 илјади евра на 1ТВ за т.н. пи-ар услуги, иако тоа било класичен рекет.
„Од две фирми од холдингот, на 1ТВ беа уплатени 150 илјади евра“, рече Камчев.
Јовановски го праша: „За што?“.
Камчев одговори: „За рекет. За Р-Е-К-Е-Т“, пренесе ТВ21.
Претходно Камчев кажа дека Боки му понудил некаков договор за старечки домови, за кои проценил дека бројките кои што се на договорот, не соодејствуваат со проценките и тука забележал дека „Меѓународен сојуз“ е чиста заблуда.
ФОТО: ТВ21