четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пола жена, пола робот: На холивудската актерка и вградиле два титаниумски диска – ќе се фрапирате кога ќе видите како изгледа (ФОТО)

Пола жена, пола робот: На холивудската актерка и вградиле два титаниумски диска – ќе се фрапирате кога ќе видите како изгледа (ФОТО)

Холивудската актерка Кетрин Хајгл вели дека сега е „бионичка“ откако направила операција на вратот за да се ослободи од „најнепријатната болка“ што некогаш ја чувствувала.

42-годишната актерка на Инстаграм сподели фотографии од закрепнувањето по операцијата.

„Па … сега сум бионичка! Два титаниумски диска сега ми живеат во вратот и веројатно можам да стојам на главата со часови … Се уште нема тоа да го пробам, но дајте ми неколку месеци и ќе видите“, се пошегува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katherine Heigl (@katherineheigl)

Иако не открила што и се случило, таа напишала дека двата титаниумски диска ќе и дадат „нов живот без болка“.

Ѕвездата најпозната по улогата во серијата „Grey’s Anatomy“ на Инстаграм им се заблагодари на лекарите.

Покрај тоа, таа вчера на фановите, кои бројат околу 3,7 милиони, им го честитала Денот на Свети Патрик.

„Очигледно дека сум благословена со среќата на Ирците“, се пошегувала таа.

Најнови вести