четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тина Тарнер се простува од своите обожаватели: Прозборе за болеста, борбите, болката (ВИДЕО)

Тина Тарнер се простува од своите обожаватели: Прозборе за болеста, борбите, болката (ВИДЕО)

HBO го претстави трејлер документарецот за легендарната пејачка Тина Тарнер, кој говори за подемите и падовите во нејзиниот живот, а во кој пејачката се простува од своите обожаватели по тешката борба со пострауматскиот стрес, мозочниот удар и ракот.

Во долгометражниот документарен филм, едноставно наречен „Тина“, пејачката за првпат се навраќа на својата младост исполнета со борба и болка, потоа на љубовта и глобалната слава кои ги пронајде како средновечна жена.

Тарнер сега има 81 година и многу проблеми со здравјето, вклучувајќи ја и борбата со ракот и последиците од мозочниот удар, а легендата на соул и рок музиката исто така претрпе и откажување на бубрегот, што доведе до трансплантација во 2017 година. Поради сите овие проблеми со здравјето, документарецот на пејачката и послужи како начин да се прости со своите обожаватели.

Тарнер во филмот вели дека живеела „живот исполнет со насилство“ но дека во одредена фаза „преовладало простувањето“.

Најнови вести