сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: На Рашковски не му е местото на ТВ, но во услови на режим и неправда, јас ќе му излезам на дуел

Стоилковски: На Рашковски не му е местото на ТВ, но во услови на режим и неправда, јас ќе му излезам на дуел

Дрскоста е главна карактеристика на режимот на Заев и нему блиските режимци! Додека граѓани секојдневно умираат во епидемија, а наместо по вакцини режимот трча по провизии, Драги Рашковски ужива во луксуз во Мексико!? И од тој Мексико, се дрзнува да повикува на ТВ Дуел со опозицијата, да се објаснувал за штета нанесена врз буџет? Како да се работи за политичко прашање, а не за скандал за кој што ЈО по 300 прозивки во јавноста отвори истрага, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во „Коментар на денот“.

-Во секоја нормална држава во која што функционира правдата, Драги Рашковски веднаш ќе беше спроведен во Македонија заради набавка на некорисен и неадекватен производ – софтвер кој што не е, и по најавата од МВР нема да биде ставен во употреба.

Но, во режим во кој што Зоран Заев го амнестираше својот близок соработник, Драги Рашковски од Мексико закажува ТВ дуели! Заради криминогениот режим, Македонија тоне се подлабоко на сите светски мерења на борбата со криминалот и високата корупција, Македонија тоне во тешка здравствена и економска криза.

Драги Рашковски во високата политика влезе во 2017 година, како Генерален секретар на владата на режимот со изјавата „На нашиот народ му треба добар ќотек и добро гушкање, за да сфати каде му е местото… некој треба да го опамети, да го ишамара, за да се свести каде е“, Драги Рашковски, 2017 година.

Од тогаш до сега, Драги Рашковски е во врвот на криминогени скандали на режимот, од набавка на радарски систем тежок 8 милиони евра, преку планови за набавка на хеликоптерски систем тежок исто милиони евра, за Драги Рашковски слушнавме и во црната не – само – бизнис- соработка на режимот на Заев со балканскиот мешетар Дака, за сега фатен како направил непотребна набавка на можен негов изум, тој веднаш да биде амнестиран од Заев.

ЈО отвори истрага за Радарот на Рашковски, но искуството не учи да не веруваме дека оваа истрага, ќе даде поинаков резултат од онаа истрага на ЈО за случајот Леонардо.

Кредото на ВМРО-ДПМНЕ како лидер на опозицијата во услови на режим е јасно: нема компромис, нема разговор со криминалот! Со Рашковски нема што да се дебатира, тој треба да одговара, таму каде што е местото за тоа, пред правосудниот систем.

Но, токму заради приликите, заради режимот во Македонија, јас лично ќе застанам пред Драги Рашковски, во име на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дуел, за да го соочам пред јавноста со сите скандали тешки милиони евра. На Рашковски не му е местото на ТВ, но во услови на режим и неправда, јас ќе му излезам на дуел.

Време е јавноста, а можеби и Јавните обвинители на ист начин, да го слушнат човекот што бараше шамари, ќотек  за народот, да се освестел, како тоа семеен одмор во Мексико му е евтин, додека народ умира за кислород и вакцини вредни од 20тина евра по доза?, подвлекува Стоилковски.

Најнови вести