недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

За една недела за непрописно паркирање во општина Центар санкционирани 169 возачи

За една недела за непрописно паркирање во општина Центар санкционирани 169 возачи

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 169 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 15.03. до 21.03.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 79 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 90 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.