четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две села во скопско 48 часа без струја и вода: „Не снајде голема хаварија, храната веќе ни се расипа“

Две села во скопско 48 часа без струја и вода: „Не снајде голема хаварија, храната веќе ни се расипа“

Селата Сушица и Дивље два дена се без струја и вода.

Револтираните селани спасот го бараат во медиумите, па се обратија до нашата редакција.

Како што велат самите веќе два дена немаат струја, а со самото тоа и вода бидејќи не работат пумпите.

„Голема Хаварија не снајде, фрижидерите веќе се стопени, храната е расипана“, велат тие.

Инаку засега не се знае причината за дефектот кој веќе трае речиси 48 часа.

Најнови вести