четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Попишани бездомните лица сместени во државните објекти, има околу 350 лица

Попишани бездомните лица сместени во државните објекти, има околу 350 лица

Пописот на бездомните лица е целосно завршен. Попишани се сите кои се сместени во објектите за коишто Министерството за труд и социјална политика создаде услови заедно со Државниот завод за статистика. Првичната бројка е околу 350 лица, она што беше и таргетот и од нашите сознанија, почнувајќи од Визбегово, Чичино Село, значи е завршен тој процес на попис. Сега останува големиот дел на пописот што стартува од 1 април, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

При денешната посета на новиот Дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост при ЈУ Завод за рехабилитација на деца и млади, населба Топанско поле, министерката порача дека пописот е безбедна и елементарна статистичка операција.

– Доколку се почитуваат протоколите, а секако попишувачите имаат специјални обуки покрај обуката на начинот како треба да прават попишување на граѓаните, посебни обуки за тоа како треба себеси да се заштитат со заштитната опрема, со носење на маски, со носење на визери, носење на ракавици, на тој начин се штитат и себеси, меѓутоа секако ги штитат и лицата во домаќинствата каде што треба да се обавува пописот, обазложи министерката за труд и социјална политика.

Иво услови на пандемија, потенцираше, ние како граѓани функционираме.

Најнови вести