среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Експертите советуваат: Ова е единствениот вистински начин да го преболите вашиот поранешен партнер и да продолжите понатаму

Експертите советуваат: Ова е единствениот вистински начин да го преболите вашиот поранешен партнер и да продолжите понатаму

Без разлика дали конечно сте пронашле сила да раскинете со некој што не е за вас или ве оставила личност со која мислевте дека ќе го поминете остатокот од животот, ви претстои тежок период. Тешко е да продолжите понатаму и да се оддалечите од личноста со која неодамна правевте планови за иднината.

Колку и да е тешко, според експертите, постои сигурен начин да се надмине овој период и да се продолжи понатаму.

1. Нема веќе контакти со поранешниот партнер
Ова правило се спроведува точно како што звучи. Мора да го прекинете секој контакт со поранешниот. Иако ова може да биде предизвик, ако не и невозможна мисија, за некои, за луѓе кои биле во долга врска со брак, заеднички дом или деца, експертите советуваат дека тоа е единствениот начин навистина да се продолжи понатаму.

Продолжувањето на разговорот со поранешниот партнер или прелистување на нивните социјални мрежи ќе ја запре тагата некое време, а кога тоа ќе престане, кога ќе изгубите контакт, ќе биде уште полошо за вас.

2. Разговорот со порнешниот партнер ве поврзува повторно
Иако психотерапевтката Ејми Собелман признава дека нагонот за повторно поврзување е сосема природен по раскинувањето или разводот, таа додава дека заминувањето без контакт им дава на луѓето време и простор потребни за прилагодување.

Зборувањето со вашиот поранешен партнер подоцна само ќе ја зголеми тагата, бидејќи ќе останете врзани за него.

Тaa исто така истакнува дека е важно да се разбере дека испраќањето пораки и повици не ви користи, бидејќи тие можат да и наштетат на вашата самодоверба.

3. Важно е да запомните зошто воопшто раскинавте
Да, поранешните партнери можат да бидат пријатели, но не веднаш по раскинувањето кога ви треба време да тагувате и да преболите сè. Кога ќе почувствувате дека ви недостасува вашиот бивш и сакате да стапите во контакт со него, запомнете ја причината зошто ја завршивте вашата врска. Имајте на ум дека контактирањето со нив нема да ја промени причината за раскинувањето.

– Искористете го тоа време да се лекувате и да се фокусирате на себе и на она што го сакате во врската следниот пат, вели експертот за врска и комуникација Клои Балаторе.

4. Недостигањето не е знак дека треба повторно да се приближите
Лесно е да се интерпретираат одредени чувства како знак на нешто поголемо, но тоа не е секогаш така. Експертот за партнерство Мери Марфи вели дека сите треба да имаат предвид дека недостигањето на поранешен партнер не е знак дека треба повторно да бидете заедно.

– Тагата и копнежот за комуникација се чести по раскинувањето, но тие не се причина за помирување. Чувството на тага поради крајот не е знак дека раскинувањето беше лоша идеја – тврди Марфи.

5. Отстранете сè што ве потсетува на вашиот поранешен партнер
– Спакувајте ги сите сувенири, подароци, слики и други потсетници за врската, затворете ја кутијата и ставете ја настрана. Кога ќе го преболите бившиот, можете да го извадите и да одлучите што сакате со него – предлага Марфи.

Експертите исто така сугерираат да ги пополните вашите денови за да имате помалку време да размислите како да контактирате со поранешниот партнер.