сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Доаѓа најважниот астролошки ден за љубов и врски: Признајте што чувствувате, ве чека емотивна магија

Доаѓа најважниот астролошки ден за љубов и врски: Признајте што чувствувате, ве чека емотивна магија

Венера и Сонцето влегуваат во знакот на Овен на 26 март, а тој ден ќе биде најмоќен за љубовта во 2021 година. Од тој ден започнува седумгодишно патување во кое особено се активираат аспекти на љубовта, романтиката и парите за сите знаци на Зодијакот.

Што се случува на небото на 26 март?
Кога Сонцето и Венера се спојат во ист знак и во ист степен, Сонцето ја зголемува моќта на Венера, што значи дека планетата на љубовта почнува да свети посветло, бидејќи Сонцето и дава виталност. Тоа се случува на секои 10 до 12 месеци, секој пат во различен знак и секој пат претставува ново љубовно и финансиско патување за секој хороскопски знак, пишува InStyle.

Иако се случува секоја година, во 2021 година, Сонцето и Венера влегуваат во Овен ја зајакнуваат шансата сите знаци на Зодијакот да најдат љубов и да ги остварат своите соништа.

Очекувајте повеќе емоции и страсти, бидејќи Овенот е огнен и страствен знак кој сака да покажува љубов и приврзаност.

Како ќе се манифестира овој астролошки настан?

Многумина ќе почувствуваат наплив на емоции и ќе имаат потреба да се врзуваат. Некои ќе започнат нови односи, додека други ќе одлучат да ја прекинат врската што веќе не успеала или станала токсична со текот на времето.

Астролозите веруваат дека ќе бидеме многу поискрени и ќе најдеме нови цели во нашиот љубовен живот. Конечно ќе добиеме храброст да ги постигнеме партнерските цели што ги планиравме долго време.

Ако не сте во врска, ова е одлично време да си ги признаете чувствата на саканата личност. Отворете го срцето и препуштете се, бидејќи 26 март е идеален ден за љубов.

Сосема е во ред да ги ставите своите чувства на прво место во овој период, бидејќи околу тоа „се врти“ и самиот знак на Овен. Оваа позиција на Венера ви носи пострасни визии, соништа и одлуки, и без каење.