Насер Ештрефи обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски кое се случи на 19 мај 2014-та година, во населбата Ѓорче Петров доби 13 години затворска казна.
Судот го прогласи Ештрефи за виновен, поради тоа што со умисла го сторил кривичното дело, каде со нож го прободел момчето кое пред болницата им подлегнало на повредите.
Според одбраната, оваа одлука на судот за обвинетиот да остане во притвор не е изненадувачка.
Инаку, ова е втора одлука на судот да го прогласи Ештрефи за виновен. Во 2015 година обвинетиот за овој случај доби 14-годишна казна затвор, но Врховниот суд минатата година ја укина оваа одлука, по што одново му се судеше.