Македонците заглавија во гужвите и хаосот за вакцинација во Белград.
Според видео снимката која ја објави телевизија Канал 5 се гледа како голема е раздвиженоста на граничниот премин Табановце каде во моментов се враќаат македонските граѓани кои денеска ја примија вакцината во соседна Србија.
Речиси во исто време како и масовната вакцинација на македонските граѓани во Србија, денеска и бугарскиот премиер Борисов најави вакцини за Македонија.
Јавноста денеска инаку на големо пишува дека оваа слика е загрижувачка бидејќи наместо власта на чело со Венко Филипче и Зоран Заев да ни обезбеди вакцини во Македонија ги присилува и мачи граѓаните спасот да го бараат надвор од границите на нашата земја.