Популарната пејачка од Барбадос Ријана со необична комбинација го привлече вниманието на папараците и јавноста.
Имено, згодната пејачка во својот омилен ресторан во Лос Анџелес „Џорџио Балди“ се појави во црна сукња, црни штикли на врзување и во широк дуксер.
Пејачката со ваквиот стајлинг го потврди епитетот кој и се става за „кралица на стилот“, исто така и својот фантастичен и сексапилен изглед успеа да го привлече вниманието на медиумите, како и на јавноста ширум светот.
Инаку, Ријана (33) важи за една од најзгодните пејачки во светот.
Во продолжение можете да погледнете како таа изгледаше, а и неколку фотографии од нејзината совршена фигура: