-Во моментов е уште полоша цената на оризот. Откако излеговме ние имавме штрајк т.н. на оризопроизводителите, на земјоделците, наместо работата да оди на подобро таа појде надолу. Во кој смисол? Оризот падна за два денари по килограм доле, а препаратите и вештачките ѓубрива отидоа нагоре дури денеска се очекува цената да се качи од 500 на 600 денари од три петнаески, што е основно за оризот. Зелената нафта ја нема никаде, а другата нафта се качува и ние буквално сме оставени сами на себе, истакна Тони Максимов, претставник на оризопроизводители во гостување на „24 Анализа“.
Максимов додаде дека оризопроизводители сите пари што ги имаат настрана веќе ги даваат за оризот што треба да се одгледува оваа година, така да земјоделците што одгледуваат ориз се оставени сами на себе, заборавени се од државата.
-Имаме големи проблеми со оризопроизводство, а на прагот сме да започнеме со нова сезона, а уште старото оризопроизводство што го имаме ни стои во амбарите, рече Максимов.
Максимов посочи дека се приморани да го дадат оризот за ич пари.