Училишта во Македонија се затвораат пред епидемијата, денеска училиште во Вруток, гостиварско, се затвора пред налетот на короната. Родителите стравуваат за децата, дали да ги испратат наутро во градинка, во училиште. Дали самите да одат на работа, да не заболат на работното место. А, зошто, затоа што режимот со месеци лажеше и се уште лаже! Амнестија за Филипче, за Заев и другите дезертери во режимот нема да има, затоа што на сметка на пропаднати провизии, лажеа и ја претворија државата во погребално претпријатие. Нема ден без десетици и десетици нови жртви и погреби од пандемијата,истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕвво Коментар на денот.
-Одговорност за лагите мора да има. Заев и Филипче лажеа за договор со „Фајзер“ за набавка на вакцини. Заев и Филипче излажаа за договор со Атина, излажаа и за договор со Софија, дека веднаш по пристигнувањето на вакцините во Грција и во Бугарија ќе биде испратен делот наменет за имунизација во Македонија да започне истовремено со европските земји. Еј какви лаги се ширеа, цели прес конференции се држеа, се измислуваа договори, се вадеа лажни изговори дека не смеат да кажат за колку дози на вакцини бил договорот со компанијата производител, демек, од таму им забраниле. Министер за одбрана вели можевме да не кажеме дека ни е вратен авансот, наоѓа изговор демек граѓаните ќе се почувствувале како заморчиња. Премиер, по функција, вели добро е што немаме вакцини до сега. Па каков мрачен ум може да смисли вакви изговори, вакви бесчуствителни настапи за пред луѓе кој што изгубиле свои блиски, семејства, пријатели, соседи, сограѓани, рече тој и додаде:
„Стотици и стотици погреби се организираат неделно, стотици семејства се завиваат во црно, стотици усти остануваат гладни, затоа што вирусот им го одзел парчето леб од маса – ама наместо по вакцини режимот трчал по провизии! Неодговорност е блага дефиниција! Бесрамност и бесчуствителност. За што? За пусти провизии, за пусти пари! Трката по пари на власта направи бегалска криза, предизвика метеж по границите, чаре, лек да се бара во странство, во соседни држави. Недовербата е толку голема, што и членови на кабинетот на министер за здравство, еј соработници на Филипче се фотографирани како чекаат ред за вакцина во Ниш! Чувство за одговорност се нема!“.
Одговорност, подвлече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е клучниот збор и тоа е клучната, суштинската потреба, дури и повеќе од вакцина! -Одговорност и одговори за сиот овој погром мора да има. И ќе има!