недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Палмер: Владата на Заев подобро да се справува со корупцијата

Палмер: Владата на Заев подобро да се справува со корупцијата

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, изјави дека Соединетите држави очекуваат македонската Влада подобро да се справи со корупцијата, од што ќе зависи дали НАТО членките ќе инвестираат во државата или не, а во однос на членството во Европската унија (ЕУ), дека меѓувладината седница треба да се одржи што побргу.

-Колку подобро Владата се справи со корупцијата, толку повеќе овој пороблем ќе го стави под контрола, и повеќе други држави, вклучувајќи и НАТО сојузници, ќе гледаат на Северна Македонија како место во кое ќе сакаат да инвестираат, ќе веруваат дека договорите ќе се почитуваат, каде нема да бидат подмитувани, и каде ќе имаат разумен повраток од инвестицијата во средина во која има предвидливост, вкучително и во делот на судството, рече Палмер за „Гласот на Америка“.

Палмер повтори дека е неопходно итно да се одржи Меѓувладината конференција за почеток на преговори со Европската Унија, апелирајќи уште еднаш спорот со Бугарија да се решава на билатерален начин.

„Чувствуваме момент на итност. Сметаме дека Северна Македонија и Албанија ја заслужија Меѓувладината конференција, формалното отворање на пристапните преговори. Многу сакаме да видиме тоа да биде договорено оваа година. Сакаме препреките да ги видиме отстранети. Двете држави заршија тешка работа, ја завршија нивната домашна задача и ги направија неопходните реформи. Одржете ја Меѓувладината конференција и ставете го овој процес цврсто на пат“.

На прашањето како ги коментира заканите од Бугарија со безбедносни служби да ги средува наводните проблеми на бугарската дијаспора во државата, Палмер за „Гласот на Америка“ одговори:

-Она што сакаме да го видиме е Северна Македонија и Бугарија преку дијалог да ги решат прашањата во билатералните односи, да ги држат тие проблеми надвор од мултилатерални формати, вклучувајќи го НАТО, и конкретно сега Европската Унија. Сигурно никој не сака да види еден НАТО сојузник, НАТО партнер да му се заканува на друг.

Најнови вести