вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Полицијата во Скопје санкционираше 163 возачи – од нив 51 за брзо возење

Полицијата во Скопје санкционираше 163 возачи – од нив 51 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51, 17 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 27 за некористење сигурносен појас и 39 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.