сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанкуловски: Преписката меѓу Пендаровски и Филипче е прашање кое сами треба да си го решат бидејќи и двајцата потфрлија во менаџирањето на кризата

Јанкуловски: Преписката меѓу Пендаровски и Филипче е прашање кое сами треба да си го решат бидејќи и двајцата потфрлија во менаџирањето на кризата

Звонимир Јанкуловски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата преписка која деновиве се случува помеѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче и посочи дека тоа е прашање кое самите треба да си го решат со оглед на тоа дека потфрлија во однос на менаџирањето на кризата.

-Целиот случај е неприкладен, сепак претседателот е избран на непосредни избори, го бираше народот, така што министерот сепак е дел од извршната власт. Сепак непристојно е самото обраќање кон претседателот, почитувајќи ги институциите во државата и ранкот на инситуциите, меѓутоа тоа е сепак прашање кое тие самите треба да си го разрешат со оглед дека потфрлија во поглед на менаџирањето на кризата и она што се случуваше во Србија. Така што изгледа прашање на совест на преработување на она чувство на изгубеност отколку срам за сето ова кое се случува и обидот ако може да се префрли вината на друг односно да се амнестира од вината за сето она кое се случува и сите животи кои се губат во екот на пандемијата. Оние кои се задолжени да понудат здравствена заштита на граѓаните се неуспешни, неспособни тоа да го направат во моментов, рече тој.

Понатаму тој во своето гостување во врска со справување на корона криза од страна на власта посочи дека држвата е должна на граѓаните да им даде здравствена заштита во вакви услови.

-Државата е должна да ви даде здравствена заштита односно во услови на пандемија да ви обезбеди услови да вашето право на живот не биде загрозено, додаде Јанкуловски.

Најнови вести