Младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Гази Баба, „свечено ја отворија“ ветената катна гаража во населеното место Маџари 2. Имено, станува збор за пародија на младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесува на ветувањата градоначалникот Борис Георгиевски кој што во предизборието за време на локалните избори ветуваше дека токму во ова населено место во општината Гази Баба ќе никне катна гаража.
-Почитувани жители на општина Гази Баба,
Од денес ќе можете да паркирате во новоотворената катна гаража во населеното место Маџари 2.
Катната гаража е реализација на предизборното ветување на градоначалникот Борис Георгиевски.
На отворањето на катната гаража присуствуваа и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и премиерот Заев, кои симболично пресекоа и црвена лента.
Априлилили, се надеваме дека не поверувавте на оваа шега бидејќи сте свесни за ангажманот и работата на господинот градоначалник, велат во својата објава од Умс Гази Баба.