Продуцентската куќа на Бред Пит „Annapurna Pictures“ ќе снима филм за холивудскиот злоставувач Харви Вајнстин, а ќе се базира на истражување на две новинарки од Њујорк Тајмс кои први ги објавија обвинувањата на голем број жени за сексуалните злоставувања.
Истражувачките новинарки Џуди Кантор и Меган Твохеј од Њујорк, како и новинарот Ронан Фароу кои во 2017 година ја обелоденија приказната се наградени со Пулицерова награда.
Интересна е случајноста дека една од жените која продуцентот го обвинила за злоставување е поранешната вереница на Бред, актерката Гвинет Палтроу.
Бред Пит со Вајнстин соработувал во 2009 и во 2012 година.