сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Од град со најниска невработеност, Гевгелија стана град на сиромашни луѓе

Андоновски: Од град со најниска невработеност, Гевгелија стана град на сиромашни луѓе

Денеска Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на теренските посети на ВМРО-ДПМНЕ со потпретседателот Александар Николоски беше во посета на Гевгелија.

-Гледаме град кој што е опустошен, осиромашен, од град кој што беше најразвиен во Македонија со најниска невработеност, гледаме град кој што е оставен да се бори и да се справува сам со проблемите кои што ги има. Веќе повеќе од година дена границите се полузатворени или затворени, економијата се распаѓа, граѓаните ги губат своите работни места. Во рамките на оваа посета ние ќе погледнеме и неколку бизниси производствени капацитети, но сликата која што се гледа е дека Гевгелија е оставена и заборавена и од централната и од локалната власт, истакна тој.

Андоновски порача: „Она што можеме да го искоментираме во рамки на справување со предизвиците од пандемијата е дека КОВИД болницата во Гевгелија е една од најоптеретените, дека кревет не се наоѓа ни за лек, а дека медицинскиот персонал, докторите, вработените лица работат на работ на своите сили  по 12, 13  часа секој ден без да има кој да ги одмени, без да има план и без да има била каква стратегија со справување со пандемијата и со болестите“.

-И затоа уште еднаш ќе апелираме од тука од Гевгелија што побрзо да се најдат вакцини, што побрзо власта да смогне сили да направи напор да го вакцинира населението за да се релаксираме од оваа пандемија за да можеме да се справуваме и се надеваме дека ќе престанат да размислуваат на провизии и бизниси, а повеќе ќе размислуваат за здравјето на граѓаните и справувањето со предизвиците од пандемијата, истакна тој.

Најнови вести