понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Сакале да гледаат фудбал, но на стадионот не примале жени: Тоа што го направија го насмеа светот (ФОТО)

Една од девојките навела дека ова е шести пат да проследи натпревар преправена како маж.
Сакале да гледаат фудбал, но на стадионот не примале жени: Тоа што го направија го насмеа светот (ФОТО)

Пет млади Иранки се маскирале во мажи за да влезат на стадионот „Азади“ во Техеран и да го гледаат во живо натпреварот на Персеполис, тимот за кој навиваат и кој се бори за титулата во иранската прва лига.

Фотографијата се рашири на социјалните мрежи со брзина на светлината и, како што може да се види од фотографијата, петте млади девојки наместо шминка имаат мустаќи и брада.

Сликата ја сподели новинарката и основач на движење за човекови права, Масих Алинажад, која ја нарече акцијата на девојките „Граѓанска непослушност“. Една од девојките навела дека ова е шести пат да проследи натпревар преправена како маж.

Во Иран од 1979 година им е забрането на жените да влегуваат на стадиони и да следат во живо какви било спортски натпревари.