вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ако трчате за да ги намалите килограмите – правите голема грешка

Ако трчате за да ги намалите килограмите – правите голема грешка

Многумина мислат дека мора да застанат на лента за трчање за да ги намалат килограмите. Фитнес експертот Сара Линдзи предупреди дека тоа всушност може да ја влоши ситуацијата.

-Немојте очајнички да се обидувате да ги намалите килограмите со трчање по лента или возење велосипед. Многумина кои ја зголемиле тежината за време на локадунот мислат дека прво треба да трчаат, а потоа да ги зацврстат мускулите во теретана. Но, основа на сè се тренинзите со тегови, без разлика на вашата цел, објасни таа.

40-годишната поранешна Олимпијка предупреди дека трчањето само ја влошува ситуацијата бидејќи не може да вежбаме по исти стандарди како пред пандемијата.

-Може да ризикувате повреда. Дури и за најспособните луѓе е опасно да се вратат во теретана мислејќи дека можат да подигнат иста тежина како пред една година. Вашето тело едноставно не е подготвено за тоа, тврди Линдзи.

Затоа, препорачува да направите план за тренинг и прво да се движите во домот и околу него.

-Не заборавајте, кога не тренирате, вашиот фокус треба да биде на закрепнувањето, вели таа за Daily Mail.