петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кралицата Елизабета со себе секогаш го носи ова – тоа е задолжителен детаљ во нејзината чанта кога ќе излезе од дома

Кралицата Елизабета со себе секогаш го носи ова – тоа е задолжителен детаљ во нејзината чанта кога ќе излезе од дома

Лејди Памела која е правнука на кралицата Викторија и братучетка на принцот Филип открива без што кралицата Елизабета не може да издржи и што носи во својата чанта секогаш кога излегува од дома, пренесува „Мирор“.

Памела Хикс за весникот открива дека иако е кралица, Елизабета не излегува од дома без слатки задоволства кои ги има во чантата.

Таа открива дека кралицата каде и да оди на посета носи кутија со чоколади за домаќинката, но и лична кутија која не сака да ја сподели со остатокот од своето „алчно“ семејство.

-Таа секогаш има своја кутија со чоколади и ги чува во својата соба доколку е дома, или во чантата доколку е надвор. Нејзиното семејство е многу алчно, не нашето, туку нејзиното вели Памела Хикс.

Таа раскажа и за една анегдота со кучето Најола кое го донесе од Индија.

-Една вечер чекавме кралицата да слезе на вечера и беше невообичаено што доцнеше 4 или 5 минути, започна да раскажува Памела цитирајќи ја кралицата:

-Не ми пречи што Најола влегува во мојата соба, јас всушност уживам во тоа, не ми пречи ниту да ја отвори мојата кутија со чоколади, но дали мора да го прави тоа секој ден?

Најнови вести