Македонскиот пејач Зафир Хаџиманов кој исто така беше и филмски актер и композитор денеска беше испратен на своето вечно почивалиште.
Тој ја загуби битката со вирусот на 27 март минатиот месец, а денеска во кругот на најблиското семејство и пријатели беше испратен на вечното свое почивалиште.
Инаку телото на Зафир било кремирано, а неговиот син Васил преку социјалните мрежи објави дека урната ќе биде положена во алејата на заслужните граѓани.
-Кога ќе заврши оваа грозна пандемија ќе направиме испраќање какво што треба и заслужува Зафир. Ќе го испратиме со песна и насмевка, баш така како што живееше тој целиот живот, напиша неговиот син.
View this post on Instagram