КУРИР стапи во контакт со едно од лицата на кои им е злоупотребен идентитетот во аферата „Мафија“. Вели дека правдата ќе ја бара и ќе ја истера до крај, бидејќи неговите лични податоци се злоупотребени од страна на државата, односно од страна на Министерството за внатрешни работи.
-Мојот идентитет е злоупотребен од страна на државата и на државните органи, во случајот од страна на МВР, згора на тоа без мое знаење му е доделен на криминалец. Правдата ќе ја барам пред надлежните судови во Македонија, а ќе барам и оштета, бидејки станува збор за мои лични податоци злоупотребени од страна на државата, вели во изјава за КУРИР едно од лицата на кои им е украден идентитетот и доделен на познат криминалец.
Живеам во европска земја и можно е да ти направат проблем поради злоупотребата на идентитетот од страна на државата, а оштетата што ќе ја барам ќе биде многу голема, правдата ќе ја истерам до крај, ако треба и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, додава за КУРИР, човекот на кого му е злоупотребен идентитетот.
Идентитетот на лицето и е познат на редакцијата на КУРИР, но не го откриваме на јавноста за да не сноси било какви последици.
За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ го објави скандалот за мафијашите чии идентитети во земјава им ги позајмило МВР.