Најстарата сестра, Наташа Родиќ го прослави својот 30-ти роденден, а Бојана со своите следбеници на Инстаграм сподели видео снимка од забавата.
На прославата се појави и нејзиното момче Мирко Шијан со кого го очекуваат своето прво дете, а од видеото може да се забележи дека таа се топи во неговата прегратка.
Таа на себе носеше бел фустан додека и Мирко исто така одбрал бела маичка.
Дел од следбениците веднаш започнаа да коментираат дека не се сомневаат во забавата на која присуствувале и нејзината друга сестра Богдана и зетот Вељко Ражнатовиќ.