понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Партиски вработувања во полн ек – ЈП Водовод Скопје планира да потроши 1.200.000 денари за привремени вработувања

Партиски вработувања во полн ек – ЈП Водовод Скопје планира да потроши 1.200.000 денари за привремени вработувања

ЈП Водовод и канализација Скопје има објавено оглас на страната на Јавни набавки за ангажирање на Агенција за привремени вработувања.

Имено, на официјалната страна на Јавни набавки стои оглас во кој ЈП Водовод бара услуги од Агенција за привремени вработувања во вредност од 1.200.000 илјади денари односно скоро 20.000 евра или поточно 19.512 илјади евра.

Ова не е прв пат на ваков начин да се вработува кадар во државните и јавните институции.

Разликата помеѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди.

Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставка “услуги“ на која ќе и се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку. Други критериуми и квалификации не се потребни. Најважната работа кај овие вработувања е што овие договори од привремени со постоечкиот закон се трансформираат во договори на неопределено време, што на СДСМ му се дава можност да ја преполни државната и јавната администрација.

Владата постојано изјавува дека државната и јавната администрација мора да биде квалитетна и компетентна додека во државните институции наголемо вработува партиски кадри без никакви критериуми со пари на граѓаните.

Најнови вести